ПРЕД ЗАВРШНИОТ ТУРНИР НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, КОШАРКАРИТЕ ОД КК ПЕЛИСТЕР АД БИТОЛА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

ПРЕД ЗАВРШНИОТ ТУРНИР НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА, КОШАРКАРИТЕ ОД КК ПЕЛИСТЕР АД БИТОЛА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Пред завршниот турнир на Купот на Македонија во кошарка, кој започнува утре во Скопје и ќе трае до недела, кошаркарите од КК Пелистер АД Битола, ја посетија општината, каде имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата се разговараше за високите резултати кои ги бележи клубот како второрангиран во првата кошаркарска лига со што е многу блиску до лидерска екипа во првенството.

Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на кошаркарите за досегашните резултати им посака многу успех на Купот на Македонија „БЛАГОЈА ГЕОРГОЕВСКИ – БУШТУР“ 2023, каде првиот кошаркарски натпревар во четвртфиналето, екипата на Пелистер ќе го одигра утре во 17:00 часот, против Еуро Никел 2005 од Кавадарци.

„Ви посакувам победи и високи резултати, кои ќе бидат радост, но и гордост за сите нас како битолчани, затоа што на спортска Битола, навистина и доликуваат високи достигнувања во професионалниот спорт, што истовремено  е дополнителен мотив и за младите генерации, спортски да се развиваат и да напредуваат. СРЕЌНО!“, нагласи градоначалникот на крајот од средбата со кошаркарите од КК Пелистер АД Битола.