РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА ДВЕ ЛОКАЛНИ УЛИЦИ ВО СЕЛО ЛАЖЕЦ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА ДВЕ ЛОКАЛНИ УЛИЦИ ВО СЕЛО ЛАЖЕЦ

Денес започнаа работните активности за реконструкција на две локални улици во село Лажец. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека ова е еден од проектите, предвидени за оваа градежна сезона, со кои се решаваат инфраструктурните проблеми на жителите од руралните средини. Реконструкцијата се врши во должина од 210 метри, а инвестицијата е во вредност од 1.092.578 денари.
Покрај во селото Лажец, општина Битола оваа градежна сезона започна со реализација на инфраструктурни проекти и на други локации, меѓу кои се: проектот за реконструкција на водоводна, канализациона мрежа и коловоз на улицата „Зборска“, реконструкција на тротоар кон постоечки коловоз на дел од улица „Ѓурчин Наумов – Пљакот“ и улична мрежа на локален пат до село Долно Оризари, во должина од 1 километар. Во тек е и првата фаза од партерното уредување кај Офицерски дом на површина од 2100 метри квадратни, а партерно се уредија и делови од улиците „Македонски гемиџии“, „Булевар 1 Мај“ и „Вера Циривири Трена“.
За решавање на еден од најголемите проблеми со бездомните животни, општината започна со реализација на првата фаза од проектот за адаптација на прифатилиште за кучиња.