Општина Битола

„ФЕР ПЛЕЈ И НАДВОР ОД ТЕРЕНОТ-ОД ПОРАКА ДО АКЦИЈА“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денес присуствуваше на настанот кој го организираше Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал” – Битола,„Фер-плеј и надвор од теренот – од порака до акција”, во рамките на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер-плеј”, а во пресрет на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство”.

Преку овој проект се настојува да се создаде простор во кој младите ќе учат, ќе разменуваат искуства и ќе развиваат вредности засновани на почитување, солидарност, еднакви можности и ненасилство.

Во изминатиот период беа организирани спортски и едукативни активности преку кои младите имаа можност да разговараат за препознавањето и спречувањето на насилството, ненасилната комуникација, инклузијата и фер-плејот, не само на спортските терени, туку и во секојдневниот живот.

Со денешниот настан се прави уште еден значаен чекор – поврзување на младите со институциите и создавање можност нивните прашања, потреби и предлози да бидат директно слушнати.

Младите имаа можност да дискутираат со градоначалникот на Битола.

Непосредниот дијалог меѓу младите и локалната самоуправа е важен чекор во градењето доверба, поттикнувањето на младинското учество и создавањето заедница во која секој млад човек ќе има можност да го развива својот потенцијал, беше истакнато на настанот.

Scroll to Top