Известување за информирање на граѓаните и засегнатите страни за проект кој предвидува реконструкција/адаптација на објект и ставање на увид на документот од јавен интерес – „ Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)” во Општина Битола ,
Со цел развој на социјалните услуги на локално ниво Министерството за
социјална политика, демографија и млади во рамки на Проектот за
подобрување на социјалните услуги – ППСУ поддржан од Светска Банка, објави
јавен повик за аплицирање на проекти од страна на локалните самоуправи и
доделување на грантови за таа намена. Општина Битола аплицираше со
проект за развивање на услугата Центар дневен престој за стари лица со
активно стареење.
Со цел запознавање на граѓаните и засегнатите страни за планираните
активности за реконструкција/адаптација на простории во рамки на
истоимениот проект, изработен е документ од јавен интерес „Листа за
проверка (чек-листа) за план за управување со животната средина и социјални
аспекти”. Истата содржи анализа на влијание врз животната средина и
социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализација на проектот, како и
предвидени мерки за ублажување.
Документот се става на јавен увид на веб страните на Проектот за
подобрување на социјалните услуги (https://www.ssip.mk/dokumenti-za-
komponenta-1/ ) и на веб страната на Општина Битола
(https://www.bitola.gov.mk/ ).
Забелешки или прашања за проектот може да се доставуваат во рок од 7 дена
од објавување на Известувањето, на следниот линк:
-официјалниот формулар за прашања и поплаки во рамки на ППСУ
–https://www.ssip.mk/tvoe-prashanje/ и на bitola@t-home.mk – е-маил на Општина
Битола.
Министерството за социјална политика,
демографија и млади
23.05.2025