Општина Битола

ЕДНА НЕДЕЛА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НОВИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Општина Битола, ги известува граѓаните, дека од денеска ќе бидат ставени во функција, односно во режим на трепкање семафорите на преминот кај плоштадот „Гоце Делчев“ и на „Камен мост“.

Ваквиот режим, ќе трае една недела, со цел прилагодување на возачите кон новиот режим, кој произлегува од сообраќајното решение, согласно проектната документација и предвидената динамика на реализација.

По завршувањето на периодот на прилагодување, се информираат пешаците и возачите дека, семафорите ќе бидат ставени во редовен режим на работа.

Scroll to Top