Се асфалтираат спортските игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, што е проект од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука.Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и одбојка со вкупшна површина од 1311 м2.

Околу терените ќе биде направена и пешачка патека со бехатон на површина од 294 м2, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема. Вкупната сума на проектот е 15.507.414 денари.






