Општина Битола

НОВИ АКТИВНОСТИ И РЕЗУЛТАТИ ВО РАМКИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРОЕКТ „WATERVILL“

Објавено е второто издание на информативниот билтен на меѓународниот проект „WATERVILL“, кој се реализира во рамките на програмата „Interreg Euro-MED“, со финансиска поддршка од Европската Унија, а во кој Општина Битола учествува како проектен партнер.

Се работи за проект насочен кон развој на иновативни и одржливи решенија за подобрување на водоснабдувањето во руралните и планинските подрачја.

Општина Битола, во соработка со ЈКП „Водовод“ – Битола, активно учествува во проектните активности, придонесувајќи кон создавање услови за поефикасно и одржливо управување со водните ресурси, а следниот месец експерти од проектниот тим ќе ја посетат Општина Битола, со цел утврдување на состојбите со водоснабдувањето и реализација на конкретни активности кои ќе следуваат.

Второто издание на билтенот, достапно и на македонски јазик, можете да го прочитате на следниот линк:

https://watervill.interreg-euro-med.eu/newsletters/

Scroll to Top