Младите спортисти направија вистински спортски празник викендов во Битола. По 14-ти пат се одржува меѓународниот Велигденски кошаркарски турнир во организацијата на кошаркарскиот клуб „Младост“ Битола.

Од 2010 година турнирот се развиваше и годинава прерасна во препознатлив знак на Битола и Македонија, турнир на кој што во изминатите години учествуваа 80 екипи со преку 1100 учесници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Косово, Грција, Бугарија и Италија.

Годинава е најмасовен собир на млади кошаркари и кошаркарки со околу 400 учесници, собир на млади надежи од Македонија и Грција со учество на 7 екипи во категориите момчиња и девојчиња родени 2014, 2015, 2016, 2017 и помлади, а во ревијалниот натпревар и од 2018 до 2021, значи и деца од 4 години кои се вклучени во турнирот, а се од кошаркарски клубови од Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид и соседна Грција.

Најголем поздрав до оваа радост, оваа младост околу нас и најмногу до организаторите кои успеаа толку млади деца да соберат по 14-ти пат овде на овој Велигденски традиционален турник кој со поддршка на Општина Битола го организираме. Нема поубава радост и задоволство кога гледате околу вас младост, кога ја гледате нашата иднина и драги деца Ви посакувам многу успеси, медали, а ние како Општина се трудиме да го обновиме овој простор, сите спортски терени во училиштата, да Ви овозможиме услови, а ваше е само да учите, да спортувате и да ги слушате вашите тренери.

Организаторот се заблагодари на нас како Општина која им обезбедува услови за нивните активности.




