Општина Битола

ПРАЗНИЧНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИ

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска оствари средба со претставници од Сојузот на борци од Битола.

„По повод „4 Ноември“ Денот на ослободувањето на Битола денеска во мојот кабинет организирав прием на претставници од општинската организација на Сојузот на Борци.

Денес градот ја истакнува должната почит кон луѓето кои ги дале своите животи за слободата во изминатите децении и денешна слободарска Битола.

Тие борци и нивниот победнички дух, ни оставија аманет да ја чуваме Битола, а нашата обврска е освен зачувувањето на слободата и добрата мисла, да ја градиме иднината на градот“, истакна градоначалникот Коњановски.

Scroll to Top