Општина Битола

ПОДГОТОВКИ ЗА БАДНИКОВАТА ПОВОРКА

Воочи големиот христијански празник, денот на Христовото раѓање Божиќ, Битола и битолчани го празнуваат Бадник, ден кој го наговестува неговото раѓање.

Пред големиот настан, во овогодишните подготовки за Бадник, во работилницата се вклучи и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски. Заедно со организаторите и дечињата, изработија над 2000 Божиќни ѕвезди кои ќе го осветлуваат патот на Бадникарчињата и оваа година по Широк Сокак.

Во рамките на подготовките, се одржа последната проба на тимот за организација на „Бадникови поворки 2025 Битола“ . Дечињата најдобро го најавуваат Христовото раѓање, со носење на ѕвездите, кои ја симболизираат Божиќната ноќ, кога е роден Христос.

На Бадник, 06.01.2025, во 12 часот од Плоштадот Магнолија по Широк Сокак ќе се движи големата Бадникова поворка.

Scroll to Top