Отворени Податоци
Отворени Податоци
Согласно Законот за користење на податоци од јавниот сектор утврдена е обврска за институциите и органите од јавниот сектор, согласно нивните технички можности, да објавуваат податоци кои ги создаваат во вршењето на своите надлежности кои ќе ги направат достапни за користење.
Податоците покрај читлив формат треба да бидат објавени како необработени податоци во компјутерски обработлив формат и да бидат достапни во отворен формат заедно со нивната метадата до најниското ниво на деталност.