Општина Битола

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Почитувани граѓани,

Драги битолчани,

Големите промени доаѓаат од малите нешта, направени со искрена љубов, многу работа и голема посветеност.

На крајот на оваа година, се потсетуваме на бројните предизвици и вложениот труд во изминатата година, со цел Битола да ја направиме поубаво место за живеење.

Најмладите секогаш се нашиот приоритет и токму за нив изградивме нови спортски игралишта, ги подобруваме условите во училиштата во кои учат, инвестираме во општина со подобра инфраструктура, градејќи партнерска соработка со младите, развивајќи ја културата и поддржувајќи го спортот, Битола ја враќаме на мапата на привлечни дестинации за развој на кариера и бизнис.

Продолжуваме напред, со новa светлина, идеи и планови во годината што ни претстои.

Нашата општина продолжува да расте и напредува, со силна заложба за светла иднина и фокусираност Битола да биде место во кое секој може да напредува во инклузивна и поддржувачка заедница.

Празниците живеат во Битола на „Зимска приказна“.

Со содржини за сите генерации, ја заокружуваме 2024 година, најавувајќи нови почетоци и реализација на прогресивни планови во 2025 година.

Убавината на промените ја создаваме заедно, со меѓусебно почитување, разбирање и поддршка.

Драги сограѓани, пријатели, соработници

Празничната радост нека внесе топлина во Вашите срца, празнувањето нека Ве исполни со убавина, а здравјето, среќата и љубовта, нека бидат со Вас и со Вашите најмили во текот на целата Нова година. Празнувајте со радост во Вашите семејства и дадете го најдоброто од себе, за да можеме заедно да ја направиме Битола, поубав дом за сите нас.

Нека ни е среќна и бериќетна Новата година и Среќни и весели Божиќни празници!!!

Scroll to Top