ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ И ДИРЕКТОРОТ СТЕПАНОВСКИ НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ПОНАТАМОШНАТА РАБОТА И НОВИТЕ ПРОЕКТИ НА ЈП КОМУНАЛЕЦ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ И ДИРЕКТОРОТ СТЕПАНОВСКИ НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ПОНАТАМОШНАТА РАБОТА И НОВИТЕ ПРОЕКТИ НА ЈП КОМУНАЛЕЦ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети јавното претпријатие Комуналец, каде имаше работен состанок со новиот в.д директор на претпријатието, Горан Степановски. На состанокот, се разговараше во врска со начинот на организација на работењето и реализацијата на нови проекти во периодот кој следува.

„Веднаш по констатирањето на состојбата во претпријатието и воочувањето на предизвиците и потребите, продолжуваме со реализација на веќе започнатите проекти во текот на минатата година, но и со нови проекти, кои планирам да ги реализираме оваа година. Во овој контекст, сакам да нагласам дека, посебен акцент ќе ставиме на создавањето на нови паркови во урбаниот и руралниот дел на градот, а исто така, со цел подигнување на квалитетното извршување на работните задачи на претпријатието, ќе бидат преземени и мерки за подобрување и зголемување на возниот парк“, рече Горан Степановски, в.д директор на ЈП Комуналец, Битола.

Градоначалникот Коњановски, заблагодарувајќи и се на претходната директорка Гордана Наумовска, за досегашната работа и посветеност, му посака многу успех на Степановски, нагласувајќи дека, очекува значително подигнување на нивото на хигиената во градот, одржување на јавната чистота, уредување, заштита и реконструкција на  јавното зеленило на територијата на општината, а со тоа и зголемување на бројот на хортикултурно уредени простори и воопшто значителен напредок во дејноста во надлежност на претпријатието.