ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЧНА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ

ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЧНА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид на почетокот на работните активности за изградба на улична мрежа и реконструкција на коловоз на 10 краци во селото Егри. Улиците ќе бидат асфалтирани во должина од 1370 метри, за што општина Битола инвестира 6.400.224 денари. Проектот се реализира по барање на жителите на селото Егри, кои изразија голема благодарност до градоначалникот, што нивното барање за подобра инфраструктура, наиде на слух кај локалната самоуправа и како што беше неодамна најавено веќе се работи на терен.