ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО

По повод 20 Мај, Денот на пожарникарството во Македонија, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, положија цвеќе пред спомен плочата на територијалната противпожарна единица во Битола. ТППЕ Битола е најстарата единица во државата и на Балканот, формирана на 20.05.1836 година со повелба на Румелискиот Валија. Градоначалникот Коњановски, заблагодарувајќи им се за посветеноста, хуманоста и солидарноста на пожарникарите им го честита денешниот ден:

„Денес кога се одбележуваат 187 години, од формирањето на противпожарната единица, сакам да им го честитам Денот на пожарникарите, да им се заблагодарам за пожртвуваноста, храброста, хуманоста и солидарноста, при сите интервенции, кога е потребно нивно делување за заштита на животот и зачувување на безбедноста на населението и материјалните добра, при пожари и други непогоди. Како локална самоуправа, остануваме посветени на работата на создавање подобри услови за нашите пожарникари, за што покрај подобрување на опременоста и возниот парк, активно работиме и на реализација на проектот за изградба на нова противпожарна зграда, со цел нашите пожарникари, да добијат соодветни и многу подобри услови за работа. Нека е честит 20 Мај – Денот на македонските пожарникари“ – рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, при денешната посета на ТППЕ Битола.