НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА КУЛТУРНАТА И ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ БИТОЛА И БАЊА ЛУКА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА КУЛТУРНАТА И ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ БИТОЛА И БАЊА ЛУКА

Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ, денес ја посети општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата на која присуствуваше и почесниот конзул во нашиот град Билјана Дамјановска Јанчевска, се разговараше за можностите за обновување и зајакнување на соработката помеѓу Битола и Бања Лука, како на културен, образовен, така и на економски план.

Градоначалникот Коњановски, го информираше амбасадорот за инфраструктурните проекти на кои работи локалната самоуправа, дополнително истакнувајќи дека, паралелно се создаваат можности за развој и промоција на културата, затоа што Битола располага со голем културно – историски потенцијал. За поголема меѓусебна соработка во оваа област, но и во другите сфери кои се од заеднички интерес на двете страни, беше договорена поддршка од амбасадорот и воспоставување на директни контакти помеѓу градоначалниците на Битола и Бања Лука.