ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ САВА

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ САВА

„Почитувани припадници на Српската заедница во нашата држава,

Во мое име и во име на општина Битола, Ви го честитам празникот Свети Сава, големиот ден на Српската заедница во Македонија и во Битола, Ви посакувам многу здравје, со желба да ја продолжиме оваа традиција на заедничко празнување.

Битола е позната по својот космополитски дух. Оттука, ја задржуваме нашата традиција од минатото, која постои до ден денес, а тоа е почитување на разнообразноста на националностите и нивната култура, бидејќи ние, само заедно, можеме да бидеме уште посилни.

Денес, на празникот Свети Сава, уште еднаш посочуваме дека треба да продолжиме да работиме заедно, како два пријателски народи кои ги негуваат традициите и работат за иднината на нашите деца.

Заедно празнуваме, заедно одбележуваме големи празници од нашето заедничко минато. И овој празник е во таков дух, на заедништво, соработка, доверба и пријателство.

Нека е честит празникот Свети Сава.“