ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД 8 МАРТ

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД 8 МАРТ

Почитувани дами,

Ако во минатото жените се бореле и се избориле за своите основни права, денес, одбележувајќи го овој значаен датум од историјата, слободно може да кажеме дека стоиме заедно, рамо до рамо и се соочуваме со сите предизвици кои ги носи современото живеење.

Веќе чекориме конкретно, со јасни мерки, кон унапредувањето на еднаквите можности меѓу жените и мажите, секојдневно градејќи поволно опкружување за реализација на женските права.

Во изминатите години на светска пандемија, а сега и период на економска криза, жените покажаа дека се на првата линија на одбраната на човечките животи, економијата, зачувувањето на семејните вредности. Затоа, проблемите со кои се соочуваат жените, не се само нивни, бидејќи тие се наши сопруги, мајки, сестри, ќерки……

На патот кон рамноправноста ни остануваат уште многу заеднички предизвици, кои заедно и институционално, ќе ги надоградуваме за подобра иднина, поголеми економски и социјални права.

Ви го честитам 8 март, Меѓународниот ден на жената.