Општина Битола

Одговор на 82 прашања од ТВ ТЕРА

Одговор на 82 прашања од ТВ ТЕРА


Општина Битола ја почитува улогата на медиумите и правото на јавноста да
биде информирана.

Истовремено, точната и одговорна комуникација
подразбира разграничување меѓу новинарски прашања, барања за пристап до
информации од јавен карактер и барања за повторно систематизирање обемна
документација што веќе е јавно објавена или претходно доставена.

Доставениот допис содржи 82 прашања, вклучувајќи и бонус прашања, од кои
голем дел меѓусебно се повторуваат или се однесуваат на податоци
содржани во:

·         Електронскиот систем за јавни набавки;

·         буџетот и програмите на Општина Битола;

·         службените гласници и одлуките на Советот;

·         официјалната веб – страница на Општината;

·         објавите за текот на проектите;

·         одговорите што веќе биле доставени по барања за слободен пристап до
информации од јавен карактер од медиумот.

Поради рационално користење на административните капацитети, но и за да
се избегне можноста исти податоци да се прикажуваат надвор од нивниот
документарен и временски контекст, упатуваме на официјалните извори како
единствени релевантни извори за договорите, економските оператори,
вредностите, роковите и евентуалните измени на договорите, согласно
правилата за истражувачко новинарство и обврските за проактивна
транспарентност на општината, како и важечките закони според кои работи
локалната самоуправа.

Прашањата што се однесуваат на повеќе различни проекти, програми,
установи и правни субјекти не можат секогаш да се сведат на едноставен
одговор „да” или „не”.
Секој проект има различен извор на финансирање,
инвеститор, фаза на реализација, договорна рамка и надлежност.
Изедначувањето на проценета вредност, договорна вредност, реализирана
исплата и вкупна вредност на повеќегодишен проект може да доведе до
неточни заклучоци.


Општина Битола продолжува со најголемиот инвестициски циклус во поновата
историја на градот: патна и комунална инфраструктура, училишта и
градинки, спортски и културни објекти, противпожарна заштита, социјални
услуги, младински политики и механизми за интегритет.
Токму бројноста на
проектите, постапките и локациите за кои се поставени прашањата ја
потврдува динамиката и широкиот опфат на работата.

Сите дополнителни информации што претставуваат информации од јавен
карактер може да се побараат во постапка и форма утврдени со закон.
Општината ќе продолжи транспарентно да известува, но административните
ресурси мора да останат првенствено насочени кон реализацијата на
проектите и непреченото обезбедување услуги за граѓаните.


Тематски одговори


1. Проектите од владините повици – прашања 1 – 4

Листата на одобрени проекти, нивната вредност и статусот на постапките
се содржани во официјалната документација и во објавите на Општина
Битола, неколкупати досега комуницирани со медиумите.

Податоците за
започнатите постапки, избраните оператори и склучените договори се
достапни и преку ЕСЈН.

Не сите одобрени проекти се наоѓаат во иста фаза. На фазата на
одобрување на проектите претходеше изготвување на проектна
документација, а реализацијата на проектите вклучува покрај техничка
документација, обезбедување услови, јавна набавка, избор на изведувач и
воведување во работа.

Општината редовно информира за секој проект
согласно неговата реална фаза, а не врз основа на претпоставени рокови.

https://www.facebook.com/share/v/1CRztCWynd/

2. Патна и комунална инфраструктура – прашања 5 – 11


Наведените километри претставуваат збир на интервенциите реализирани на
повеќе улици и локални патишта во урбаниот и руралниот дел.
Деталните
податоци се содржани во програмите, договорите, градежната документација
и извештаите на општината.

Формулацијата дека нешто е „обновено и новоизградено” не значи дека сите
зафати се од ист вид или дека се реализирани преку еден договор. За
секоја постапка релевантни се официјалниот договор, фактичката
реализација на терен и извршениот надзор.

Линк од активности:


https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтира-улицата-козара/

https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтираат-уште-две-улици-кај-здра/

https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтира-улицата-леринска/

https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтира-уличната-мрежа-во-карама/

https://www.bitola.gov.mk/и-денеска-се-асфалтира-сега-патот-до-цр/

https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтира-патот-до-манастирот-св/

https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтираат-улици-во-братиндол/

https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтира-новата-улица-сру-5/

3. Спортски терени и сали – прашања 12 – 14

Инвестициите во училишната спортска инфраструктура се директно вложување
во условите за учениците, здравиот развој на младите и користењето на
објектите од локалната заедница. За тоа веќе ја информиравме јавноста
преку
следната објава https://www.facebook.com/share/p/1KpWz96ew9/.


4. Паркинг
места – прашање 15


Бројот ги опфаќа паркингместата обезбедени преку повеќе
инфраструктурни интервенции. Режимот на користење се утврдува преку
соодветни одлуки, сообраќајни решенија и надлежностите на општинските
органи и претпријатија. За секоја локација јавноста е навремено
информирана.
Линк од активности:


https://www.bitola.gov.mk/novi-parking-mesta/
https://www.bitola.gov.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0/
https://www.bitola.gov.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0/

5. Градинки – прашања 16 – 23

Во прашањата неправилно се изедначуваат моментално згрижени деца во еден
адаптиран објект со вкупниот нов капацитет што се обезбедува преку
повеќе објекти и проекти.
Бројката од 475 места не се однесува исклучиво
на „Пчеличка”, туку на збирниот капацитет создаден и предвиден преку
повеќе инвестиции.

„Пчеличка”, градинката во Нова Битола и објектот во комплексот АРМ се
различни проекти, со различен капацитет и фаза на реализација.
Официјален датум за отворање може одговорно да се соопшти по
завршувањето на сите градежни, технички, административни и постапки за
обезбедување на соодветни лиценци и дозволи. Секој друг датум би бил
процена, а не правно обврзувачки факт.


https://www.facebook.com/share/v/1D4TxrfmCg/

6. Училиштето во Буковски Ливади – прашања 24 – 26


Изградбата на училиштето претставува долгорочно вложување во рамномерен
развој и подобри услови за учениците. Вредноста на градежниот договор и
опремувањето се различни категории и зависат од предметот и опфатот на
конкретната набавка. Учениците ќе го користат објектот по завршувањето
на работите и исполнувањето на сите законски и безбедносни услови.

За досегашните активности информиравме низ повеќе објави, меѓу кои и следната
https://www.facebook.com/share/p/1cTwe5gyx2/.

7. Поранешната боксерска сала – прашања 27 – 30
https://www.facebook.com/share/p/1V8u5dgfFV/

Споредувањето на вредноста на спортски објект со вредноста на училиште,
само врз основа на два збирни износа е методолошки погрешно.

Објектите имаат различна површина, конструктивна состојба, технички барања, опфат,
извори на финансирање и намена.

Инвестирањето во спортската сала не е на сметка на образованието.
Општината паралелно инвестира во училишта, градинки, спорт, култура и
комунална инфраструктура.

8. Ќумурното игралиште и новиот терен – прашања 31 – 35

Соработката со ФФМ и реализацијата на општинскиот спортски терен се две
поврзани, но правно и финансиски различни активности.
Обврските на
страните се утврдуваат исклучиво преку официјалните акти и договори. За
јавни набавки, изведувачи и рокови може да се информира кога постапките
се формално завршени, без прејудицирање на нивниот исход.

 

 

9. Велосипедски патеки – прашања 36 – 39

„Подготовки” значи спроведување на неопходните плански, проектни,
сообраќајни и административни активности што и претходат на изградбата
на велопатеките. Техничкото решение мора да биде усогласено со
просторните услови, безбедноста и одобрениот проект. Пред завршување на
документацијата и постапките не е одговорно однапред да се соопштува
изведувач или конечен рок.

10. Кино „Партизан” – прашања 40 – 45


Киното „Партизан” е капитална инвестиција преку која запуштен објект
добива современа културна и јавна функција.
„Самоодржливост” значи
воспоставување модел со кој објектот ќе создава содржини и приходи за
покривање дел од оперативните трошоци, без тоа однапред да значи
приватизација или давање на просторот на приватни субјекти.

Начинот на управување, програмата и условите за користење ќе бидат
утврдени преку законски одлуки. Договорната вредност, опфатот и
опремувањето се утврдуваат според техничката документација и набавките и
не соодветствуваат на изнесените претпоставки содржани во прашањата. За
потсетување на деталите за овој објект ви го испраќаме следниот линк
https://www.facebook.com/share/p/1EoMaLSVrG/.

11. Култура и посетеност – прашања 46 – 50 и 78 – 82


Процената на посетеноста кај манифестации на отворено не може да се
заснова само на продадени билети, бидејќи голем дел од програмата е
бесплатна. Таа се утврдува преку податоци од организаторите, капацитетот
и исполнетоста на просторот, бројот на програмски содржини и други
достапни показатели.

Средствата од Програмата за култура се распределуваат согласно усвоените
програми, одлуките и постапките.
Во врска со споредбата на целата
културна програма со вредноста на повеќегодишни капитални спортски
објекти, Ве информираме дека едното претставува годишна програмска
потрошувачка, а другото создавање долгорочен јавен имот, а инвестициите
се реализираат според констатираните потреби, врз основа на барања од
граѓани, донесени одлуки на Советот и усвоени програми.

Договорите и финансиските податоци се објавуваат или се достапни
согласно прописите, со почитување на ограничувањата поврзани со лични
податоци, авторски права и заштитени договорни информации. За
реализацијата на секоја Програма, најдоцна до април следната година се
доставува до Советот комплетен извештај за реализација.


12. Интегритет и антикорупција – прашање 51

Во изминатиот период Општина Битола презеде конкретни активности:

          дополнета е секцијата „Интегритет и антикорупција” на официјалната веб – страница;

          јавно се достапни политиката и релевантните интерни документи;

          вработените се запознаени со Политиката за интегритет и можностите за
е-учење;

          спроведен е прашалник меѓу вработените за нивната информираност и
потребите од дополнителна обука;

          подготвена е интерна процедура за интегритет;

          реализирана е координација со ДКСК и ОБСЕ;

          поднесена е проектна документација за реализација на проектни активности
кои вклучуваат интегритет и антикорупција.

Ова се мерливи институционални чекори, а не декларативна употреба на
поимите интегритет и транспарентност.

https://www.bitola.gov.mk/општина-битола-со-значителен-напредо/

13. Млади, НВО и претприемништво – прашања 52 – 55

Поддршката се реализира согласно општинските програми, јавните повици,
одлуките и утврдените критериуми.
Партнерството не се сведува исклучиво
на исплата на средства; тоа опфаќа консултации, учество во креирање
политики, заеднички активности и институционална поддршка.

Граѓанското учество се обезбедува преку јавни повици, јавни расправи,
средби, анкети, секторски консултации и учество на засегнатите страни.
Приоритетите на буџетот се утврдуваат преку буџетски форуми
https://www.facebook.com/share/p/1BDVhmTQ26/,
https://www.bitola.gov.mk/одржан-првиот-буџетски-форум-граѓани/, низ
законска постапка и се усвојуваат од Советот на Општината.

14. Социјална заштита – прашања 56 – 61

Пресметката дека социјалната заштита претставува само 0,47% од вкупниот
буџет создава погрешна слика, бидејќи вкупниот буџет содржи
блок – дотации, наменски средства, капитални проекти и расходи што не се
слободно пренаменливи. Дополнително, поддршката на ранливите категории
не се исцрпува во една буџетска програма.

Средствата за ретки болести, адаптација на домови и стручни третмани се
конкретна локална поддршка што ги дополнува државните системи на
здравствена и социјална заштита. Бројот на корисници зависи од
исполнувањето на условите и поднесените барања, а изборот и исплатите се
вршат согласно важечките правила и критериуми.

Квалификувањето на 500.000 денари како „симболична сума” е
неаргументирана констатација. За семејството кое ќе добие пристапен дом,
поддршката има конкретно и суштинско значење.

https://www.bitola.gov.mk/конституиран-општинскиот-совет-за-со/

https://www.bitola.gov.mk/едукативен-настан-на-советот-за-социј/

https://www.bitola.gov.mk/rehabilitaciski-tretmani-na-deca-so-poprechenost/

https://www.bitola.gov.mk/lica-poprechenost/

https://www.bitola.gov.mk/mobilnost-funkcionalnost/


15. Противпожарната зграда – прашања 62 – 67


Првата фаза не треба да се оценува изолирано од проектот, техничкиот
опфат и фазниот модел на финансирање. Фазната изградба е вообичаен
пристап кај капитални објекти и не значи дека средствата се потрошени
без резултат.

Поддршката од Министерството за одбрана на САД е потврда дека проектот
има пошироко значење за безбедноста и капацитетот за одговор при итни
ситуации. Постапките и роковите поврзани со грантот зависат и од
правилата и одобренијата на донаторот. Општината, како и досега ќе
информира врз основа на официјално потврдени фази, наместо да шпекулира
со датуми.

https://www.facebook.com/share/v/18MFUzifoy/

16. Стадионот „Петар Милошевски” – прашања 68 – 70

Пред да се говори за „уништување” и финансиска штета, потребна е стручна
процена на фактичката состојба. Правната или материјалната одговорност
не се утврдува преку медиумска квалификација, туку преку договорите,
записниците, стручните наоди и законската постапка.

Во изминатиот период на овие прашања одговоривме преку повеќе новинарски
прашања и барања за пристап до информации од јавен карактер
достапни во секцијата Пристап до информаци од јавен карактер.

 

 

17. ФК „Пелистер” – прашања 71 – 77

Општината, како сопственик, има интерес работењето на клубот да биде
законито, отчетно и одржливо.
Проверките секогаш се спроведуваат стручно
и без однапред да се прогласува вина, злоупотреба или „фиктивни
ангажмани”.

Во изминатиот период и на овие прашања одговоривме преку повеќе одговори
на новинарски прашања и барања за пристап до информации од јавен
карактер.

Општина Битола нема намера да скрие било каква информација, а има
обврска информациите да ги соопштува точно, законито и во нивниот
вистински контекст. Транспарентноста не значи администрацијата
неограничено да репродуцира веќе објавени документи во различни формати,
туку јавноста да има пристап до веродостојни, проверливи и официјални
податоци. Нашиот одговор на секоја критика ќе останат фактите,
реализираните инвестиции и резултатите видливи во градот и населените
места.

Scroll to Top