Општина Битола

ЗАБРЗАНА ДИНАМИКА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИОТ ПРОТИВПОЖАРЕН ДОМ

Со забрзана динамика, продолжуваат активностите за изградба на новиот противпожарен дом, еден од капиталните проекти на оваа локална самоуправа и градоначалникот Тони Коњановски. Целосно е отстранет, стариот руиниран објект на негогашниот армиски магацин на просторот на некогашната касарна. Со ова создадени се потребните услови за започнување на новата комплетно нова градба со површина од 1600 м² . Објектот ќе биде во согласност со современите стандарди, правила и прописи за непречено функционирање на противпожарната единица која ги покрива општините Битола, Новаци и Могила, а пожарникарите од најстарата противпожарна единица на Балканот, конечно ќе добијат услови за работа, какви што навистина заслужуваат.

Scroll to Top