Општина Битола

„ОД СРЦАТА МАЛИ ЗА ДЕЛАТА ГОЛЕМИ“ – ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА МАРА“ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Детската градинка „Естреја Овадија Мара“, денес го одбележува својот патрон празник, под мотото „Од срцата мали за делата големи“. На програмските активности во детската градинка „Пролет“, каде учствуваа дечиња од сите 9 градинки – клонови на установата, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им го честита празникот на најмладите и вработените во градинката, посакувајќи им убави желби за успех и напредок.

Scroll to Top