Општина Битола

ВЕЧЕРВА БИТОЛА БЛЕСНА – ЗАПАЛЕНИ СЕ ПРАЗНИЧНИТЕ СВЕТИЛКИ

На 20 декември започнува празничниот фестивал „Зимска приказна“, кој оваа година ќе трае сѐ до 6 јануари – подолго од кога било досега. Но, магијата веќе започна!

Со свеченото палење на празничните светилки, Битола вечерва се претвори во вистинска зимска бајка. Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Офицерскиот дом и Старата чаршија блеснаа во празничен сјај, најавувајќи го духот на радоста и заедништвото што не очекува.

Општина Битола изразува огромна благодарност до сите тимови кои посветено работеа за да ја донесат оваа магија во нашиот град. Нивниот труд и креативност се срцето на блескавата „Зимска приказна“, која ќе биде незаборавно доживување за сите нас.

Целосната програма ќе ја објавиме оваа недела – следете нѐ и бидете дел од празничната магија!

Scroll to Top