Универзитет

Универзитет

ВИСОКО ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“БИТОЛА
Адреса: Бул. 1-ви мај б.б. п.фах. 100
7000 Битола
 http://www.uklo.edu.mk/
Телефони: 047-223 788
047-223
192
Факс: 047- 223 594
e – пошта: rektorat@uklo.edu.mk

Основањето на Вториот македонски универзитет и неговиот двеиполдецениски развој претставува значајна алка во синџирот достигања во образовната, научната и културната архитектура на современото македонско општество. Чинот на формалното конституирање на Универзитетот “Св.Климент Охридски”- Битола – на 25 април, 1979 година, со седиште во Битола, секако е резултат на еден подолг процес при што културно-образовната традиција значеше појдовна основа врз која се надоградуваат образованието и науката.
Зачуваните вредности од богатата културна историја и нивното опстојување како вечно наследство, се вредности израснати од македонскиот непокор низ бурните збиднувања во изминатите столетија. Тие остануваат постојан предизвик за сегашноста и иднината како стремеж на нашиот народ за сопствена афирмација и натпревар со сите културни народи чиј предзнак е развојот на цивилизираниот хуманизам.
На 8 декември 1994 година , Универзитетот го доби името на Св. Климент, кој пред еден милениум ја основа Првата книжевна школа во Охрид и со својата просветителска дејност ги надмина нашиве простори промовирајќи се за сесловенски просветител.
Со основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола беше остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од Југозападниот регион – Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Република Македонија.
Денес Универзитетот “Св.Климент Охридски”- Битола вклучува осум високообразовни установи: 5 факултети, една висока школа, Универзитетски интердисциплинарни студии за јавна администрација; три научно-истражувачки установи , Национална и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” и Студентски дом “Кочо Рацин”.
Универзитетот “Св.Климент Охридски”-Битола реализира наставно образовен процес од 26 додипломски студиски програми и 14 студиски програми за последипломски студии.
На високообразовните установи на Универзитетот студираат повеќе од 15.000 студенти, а наставнообразовниот процес го реализираат 323 наставно- научни и помошнички кадри. Дејноста на научно-истражувачката дејност ја остваруваат 54 научни работници.
Универзитетот “Св.Климент Охридски”- Битола по многу обележја е специфична високообразовна институција. Тој е флексибилен, динамичен во процесот

Ф А К У Л Т Е Т И

ул. Иво Лола Рибар б.б. п.фах. 99

7000 Битола,

тел:   047-207 702; 207 360

факс: 047-203 370

е-пошта: tfb@uklo.edu.mk

Веб страна: www.tfb.uklo.edu.mk

ул. Ѓорѓе Петров б.б.
7500 Прилеп

тел: 048-427 020; 048-427 021; 048-427 022
факс: 048-426 927
е-пошта: eccfp@uklo.edu.mk
Веб страна: www.eccfp.uklo.edu.mk

Кеј Маршал Тито бр. 95

6000 Охрид

тел:    046-262 147; 264 215;  262 281

факс: 046-262 281

е-пошта: ftu@uklo.edu.mk

Веб страна: www.ftu.uklo.edu.mk

Ул. Васко Карaнѓелeвски б.б.

7000 Битола

тел:   047-253 652; 253 694

факс: 047-220 806; 253 659

е-пошта: pfbt@uklo.edu.mk

Веб страна: www.pfbt.edu.mk

Ул. Прилепска б.б.

7000 Битола

тел:    047-236 207

факс:  047-226 220

Веб страна: www.fbn.uklo.edu.mk

  • ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Александар Македонски 72 КичевоТел:  + 389 (0)45 220 267

Факс:+ 389 (0)45 220 267

Web page: http://www.pfk.uklo.edu.mk/

 

  • ТЕХНОЛОШКO-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС

Оваа високообразовна установа, исто така, започна да функционира со почетокот на акдемската 2008/2009 година. Седиштето на Факултетот е во Велес.Контакти:Технолошко-технички ФакултетПетре Прличко 42 Велес

Тел: + 389 (0)43 211 202

Факс: + 389 (0)43 211 204

Web page: http://www.ttfv.uklo.edu.mk/ 

 

  • ВЕТЕРИНАРЕН ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

Ветернираниот факултет во Битола започна со работа во академската 2009/2010 и е една од поновите едниници во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Кандидатите заинтересирани да студираат на овај факултет можат да го направат тоа на насоката за ветеринарна медицина.
Контакти:Ветеринарен Факултет – Битола

Прилепска б.б Битола

Тел: + 389 (0)47 228 899

Факс: + 389 (0)47 228 899

Web page: www.vfb.uklo.edu.mk

  • Висока медицинска школа – Битола

Ул. Васко Карaнѓелeвски б.б.

7000 Битола

тел:    047-253 268; 253 688

факс: 047-258 311

Web page: www.vmsb.uklo.edu.mk 

 

  • ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – БИТОЛА

Оваа единица на Универзитетот е најнова во неговиот состав и е формирана во 2014 година, врз основа на Закон за основање Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013). Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола во себе ги инкорпорира студиските програми од научните полиња на информатика и компјутерска техника и информатика на Техничкиот факултет и на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, којшто со основањето на Факултетот за информатички и комуникациски технологии престана да функционира.

Контакти:

Факултет за информатички и комуникациски технологии

Партизанска б.б.Битола

Web page: www.fikt.uklo.edu.mk

 

  • НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН – ПРИЛЕП

Најстарата научна установа  на Универзитетот и единствената од овој вид во Република Македонија, Институтот за тутун во Прилеп, е основана уште во 1924 година и тоа како прва организирана научно-истражувачка единица во земјата. Со основањето на Универзитетот, Институтот станува негова членка од редот на научно-истражувачките установи.Научно-истражувачка дејност  се остварува преку следниве одделенија:- Одделение за генетика, селекција и семеконтрола;- Одделение за агротехника на тутунот;- Одделение за заштита на тутунот од болести,штетници и плевели;- Одделение за технологија, ферментација и фабрикација;- Одделение за хемија на тутунот, тутунскиот чад, резидуи од пестициди и биохемија и- Одделение за економско планирање и програмирање
Контакт:

„Кичевска” б.б.

Прилеп

Тел: + 389 (0) 48 412 760

Факс: + 389 (0) 48 412 763

Web page : www.tip.edu.mk

 

  • Бизнис академија Смилевски – БАС
    бул. Јане Сандански 111/2
    1000 Скопје
    Тел. 02/2455754
  • Одделение за дисперзирани студии во Битола
    Ул. Довлеџик бб
    7000 Битола
    Тел.047/225218
    Тел.047/230444
  • Одделение за дисперзирани студии во Струмица
    Ул. Даме Груев бб
    2400 Струмица
    Тел.034/612699

http://www.bas.edu.mk/

 

  • Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“

Битола

Телефон:
+389 47 222 503; +389 47 238 077
Меил:
info@msu.edu.mk; msibitola@yahoo.com
Адреса
ул. „Новачки пат“ б.б. – 7000 Битола – Р. Македонија

Свети Николе

Телефон:
+389 32 440 330; +389 32 440 202
Меил:
info@msu.edu.mk; msisvnikole@yahoo.com
Адреса
ул. „Маршал Тито“ 77 – 2220 Свети Николе – Р. Македонија

http://msu.edu.mk/