ИЗВЕСТУВАЊЕ
При изведување на градежни работи за дислокација на енергетски кабли кои се наоѓаат во заштитниот појас на трасата на железничката пруга, во непосредна близина на царинскиот терминал, прекинат е доводниот кабел за уличното осветлување на делницата од магистралниот пат Битола – Кравари. Поради тоа, во овој дел на Општина Битола, два дена има прекин во уличното осветлување.
Од екипите на ЕВН, добиена е информација, дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денешниот ден.