ИНФОРМАЦИИ ЗА ИНВЕСТИТОРИ

ИНФОРМАЦИИ ЗА ИНВЕСТИТОРИ

bitola

Битола е најголемиот градски центар во плодната Пелагониска котлина, втор по големина во Република Македонија и еден од најпознатите со своето историско и културно минато. Како резултат на големиот културен подем, Општина Битола од декември 2015 година е дел од мрежата на културни градови на УНЕСКО. Покрај негувањето на културата, Општина Битола постојано води грижа за подобрување на инфраструктурните и други услови, важни за квалитетот на животот на своите граѓани, а истовремено и неопходни за новите инвеститори и развојот на нивните бизниси што дополнително влијае на создавањето добра економска клима и поволно деловно опкружување. Доколку Ви се потребни информации за започнување бизнис и инвестиција на вистинското место кое нуди големи поволности, инфраструктурно опремени локации, квалитетна и стручна работна сила, информирајте се и посетете не. Одговорите на сите Ваши прашања за успешен бизнис почеток во Македонија и Општина Битола, можете да ги најдете на линковите подолу, а за сите дополнителни информации можете да го контактирате одделението за економски развој во општина Битола.

kako-da-investiramkako-da-vodam-biznisvrabotuvanjelessprogrami-i-izvestaivas-partnerinvesticiski-pontencijal