ТОПЛИФИКАЦИЈА
адреса: ул. Васко Карангелевски бб
телефони за контакт: 047/ 254-246 ; 202-256
е-пошта: toplif_bt@mt.net.mk
Во Општината Битола домаќинствата имаат локално затполување, со индивидуални грејни тела, а извесен број на станбени згради имаат централно греење. Во Битола постои и фирма Топлификација Битола ДОО – Скопје Друштво со ограничена одговорност формирано првенствено за вршење на дејност централно затоплување и соответни други профитабилни дејности. Основано е од Топлификација Одржување АД Скопје на 24.12.1999 г како ДООЕЛ, а на 20.10.2000 г пристапува како содружник и Топлификација АД Скопје и Друштвото од тогаш е Друштво со Ограничена Oдговорност.
Основната стопанска дејност на Топлификација Битола ДОО – Скопје се состои во производство и дистрибуција на топлинска енергија на подрачјето на град Битола.
Основните карактеристики на дејноста на крај на 2005 год. се утврдуваат :
- Топлински конзум на праг на корисници на услуги од 16.744 MW топлинска моќност
- Раположиви енергетски капацитети од 27.75 МW топлинска моќност
- Производството на топлинска енергија од 20.174 MWh Топлификациона мрежа
(магистрални,секундарни и приклучни водови) во должни километри од 9.28 км
Кадровска структура на вработените
Во фирмата се вработени вкупно дваесет и еден редовно вработени од кои:
- 1 (еден) со VII/II-втори степен
- 3 (тројца) со VII/I степен
- 2 (двајца) со VI степен
- 1 (еден) со V степен
- 4 (четворица) со IV степен
- 10 (десет) со III степен.
Топлификација Битола ДОО Скопје во моментот стопанисува со вкупно 6 котлари. Во однос на бројот на корисниците на Топлификација Битола истиот број постепено расте од основање на фирмата па се до денес така што денес имаат 63 колективни станбени објекти со површина од 133.000 м2 и моќност од 16.36 MW, околу 65 деловни објекти со топлинска моќност 0.4 MW .