БИОГРАФИЈА НА НАТАША ПЕТРОВСКА – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БИТОЛА
Наташа Петровска е родена на 18 декември, 1971 година во Битола.
Образование :
Средно училиште завршила во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, насока физичар – техничар.
Дипломиран професор по математика е од 1995 година. Во 2012 година магистрирала менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, на тема: „Наставни програми во функција на задоволување на потребите и можностите на учениците“.
Брачен статус: Oмажена, мајка на две деца.
Хоби: Сака да чита, танцува, а исто така ги сака и прошетките во природа.
Професионален ангажман:
Од 1996 година работи како професор по математика. Има низа сертификати како ментор на ученици на натпреварите по математика, во државата, но и на меѓународно ниво. Учествувала и како обучувач во голем број проекти, за што има бројни сертификати.
Во периодот од 2013 до 2017 година била член на Советот на општина Битола, каде исто така била и координатор на Советничката група предводена од СДСМ.
Функцијата Градоначалник на општина Битола почнува да ја врши од 25.10.2017 година.