За претресување на прашањата од својата надлежност Советот формира одбори, комисии и други работни тела.
Работните тела на Советот се формираат како постојани и повремени.
Мандатот на постојаните работни тела трае колку и мандатот на членовите на Советот.
Комисиите се составени од 5 или 7 членови од редот на Советот на Општината.
– Расправаат за прашања од областа за кои се формирани
– Даваат мислења и предлози на Советот
– Ги разгледуваат предлозите на градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани
Комисија за финансии и буџет ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на Општината и Буџетот и завршната сметка на Буџетот на Општината и други прашања поврзани со финансиски средства.
Комисија за јавни и комунални дејности ги разгледува прашањата од работата на јавните служби, јавните установи и јавните претпријатија на Општината.
Комисија за урбанизам и заштита на животната средина ги разгледува Генералниот и деталните урбанистички планови и другата урбанистичка документација како и прашањата од заштитата и унапредувањето на животната средина.
Комисија за општествени дејности разгледува прашања од значење за развојот на мрежата установи од областа на културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното образование, основната здравствена заштита, како и прашања од други области од значење за интересите на граѓаните.
Комисија за месна самоуправа разгледува прашања од значење за месната самоуправа и му предлага на Советот начин за нивно разрешување.
Комисија за заштита на човековата средина разгледува прашања од значење за заштитата на човековата средина и природата-флората и фауната и му предлага на Советот преземање мерки и активности.
Одбор за доделување општински признанија и награди ги прибира и разгледува предлозите за доделување на општински признанија и награди.
Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања:
- – разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно-имунитетните прашања
- – разгледува и подготвува предлози за избор и именување и разрешување од надлежност на Советот на Општината
- – дава предлог за висина на плати, надоместоци и други примања на избраните и именуваните лица до советот кој донесува одлука
- – дава предлог за висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот на Општината, како и на трошоците направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот на Општината, а одлука донесува Советот.
- – Со решение утврдува право и престанување на правото на функционер што го избира и именува Советот кое се стекнува врз основа на лично барање, а во согласност со закон
Комисијата е составена од 5 членови на Советот на Општината.
Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на Општината на својата прва седница.
Статутарно правната комисија го утврдува предлогот на Статутот на Општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измени на Статутот, ја следи примената на Статутот и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер.
Статутарно-правната комисија го утврдува предлогот на Деловникот на Советот.
Статутарно-правната комисија подготвува мислење по предлог-законите кои се однесуваат на Општината.
Статутарно-правната комисија разгледува и други општи акти од надлежност на Советот на Општината.
Комисијата е составена од 5 членови од кои 3 се членови на Советот на Општината.
Претседателот и членовите на работните тела ги избира Советот на Општината по предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Предлогот за избор содржи онолку кандидати колку што се избираат членови на работните тела.
Начинот на работа на работните тела поблиску се уредува со Деловникот на Советот на Општината.
Комисија за еднакви можности на мажите и жените разгледува прашања во насока на еднаква застапеност на мажите и жените во сите области од животот.
Управен одбор на фондот на наградата 4-ти Ноември.
Одбор за вршење на надзор над материјално – финансиското работење на Советот на Општина Битола