Поставување нанатписи и рекламни табли

Поставување нанатписи и рекламни табли

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА НАТПИСИ И РЕКЛАМНИ ТАБЛИ ВО ЗАШТИТНИОТ ПОЈАС НА ОПШТИНСКИТЕ ПАТИШТА

Потребна документација

 

За издавање на Дозвола за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк формулари)

 

Кон барањето се доставува следната документација:

 

1. Ситуација – сообраќајно решение со микролокација на местото за огласување-

постојна состојба (Размер 1:100);

2. Скица – техничко решение;

3. Изглед и размер на натписот и рекламната табла (1:100);

4. Доказ за платена административна такса во износ од 3.000,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници);

 

Постапка за издавање на Дозвола за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта

 

Општината во рок од 8 ( осум ) работни дена од денот на приемот на барањето ја разгледува доставената документација, и утврдува дали истата е комплетна и изработена согласно законските прописи.

Доколку доставената документација е комплетна и изработена согласно законските прописи, надлежниот орган на Општината ќе достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта, согласно член 2 од Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола “ бр.05/12).

Барателот е должен во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не го плати надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.

Дозволата за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта се издава во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на доставување на доказ за платен надоместок за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци

– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.

– Доколку доставената документација не е комплетна или не е изработена согласно законските прописи или барањето е непотполно, Општината писмено ќе го извести барателот дека е потребно да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на приемот на известувањето.

Доколку во дополнително определениот рок странката не поднесе докази и не ги отстрани недостатоците, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 ( три ) работни дена ќе достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта, согласно член член 2 од Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола “ бр.05/12).

Барателот е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта и да достави доказ за извршена уплата. Доколку барателот не го плати надоместокот и не достави доказ за извршена уплата, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.

Дозволата за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта се издава во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на доставување на доказ за регулиран надоместок за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта.

Контакт лице: Златко Томски, Советник за комунални дејности

тел: 047 208 303

е-mail:tomskizlatko@yahoo.com