Известување до жителите на Општина Битола за достава на барања за надомест на штета

Известување до жителите на Општина Битола за достава на барања за надомест на штета

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 09 и 10 јануари.2021 година, се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета, да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општина Битола.

Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, копија од лична карта и број на трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од вторник 12.01.2021 до 20.01.2021 од 09.00 до 15.00 часот.

Барање до комисија за проценка на штети