ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна листа на План за управување со животна средина и Социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот
Формулар за коментари Општина Битола
„Реконструкција на локалната улица „Бурса“ во индустрискиот дел на Битола и улиците
„Студентска“, дел од улица „Стрчин“, „Столе Попов“, „Милтон Манаки“, „Сотир
Брбевски“, „12 Кладенци“ и „15 Корпус“ во населбата Недопирливи во Општина Битола“
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Битола аплицираше со проект за „Реконструкција на локалната улица „Бурса“ во индустрискиот дел на Битола и улиците „Студентска“, дел од улица „Стрчин“, „Столе Попов“, „Милтон Манаки“, „Сотир Брбевски“, „12 Кладенци“ и „15 Корпус“ во населбата Недопирливи во Општина Битола“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 13.06.2023 година официјалните веб страници на:
• Општина Битола: https://www.bitola.gov.mk/
• ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk
• МТВ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на
Интернет страницата.
Единица за Имплементација на Проектот
Министерството за транспорт и врски