ЛИСТА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОБИТНИЦИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ И ПОДДРШКА НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

ЛИСТА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОБИТНИЦИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ И ПОДДРШКА НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

ЛИСТА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОБИТНИЦИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ И ПОДДРШКА НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ЗА КОЛЕКТИВНО ДОМУВАЊЕ СО ПРОЕКТОТ „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ДОМОВИ“ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Општина Битола, ја објави листата на потенцијални добитници на Јавниот повик за субвенционирање и поддршка на станбените згради за колективно домување со Проектот „Енергетско ефикасни домови“, рангирани според листата на бодување. Истата е достапна на следниот линк.

 Потенцијалните добитници се известуваат за следното:

 Според критериумите во Јавниот повик за субвенционирање и поддршка на станбените згради за колективно домување со проектот „енергетско ефикасни домови“ во Општина Битола:

„Економскиот оператор треба да ја обезбеди целокупната документација согласно Законот за градење за поставување на енергетско ефикасна фасада после објавување на листата на рангирани станбени згради кои ги исполнале условите за да се оствари правото на надоместок/субвенција.“

 Потенцијалните добитници на објавената ранг листа потребно е, во рок од 30 дена од денот на објавување на листата да ја изготват потребната проектна документација за издавање на одобрение за градење согласно Законот за градење и во предвидениот рок да аплицираат во системот е-градежна дозвола.

Краен рок на поднесување е 24.08.2022 година (среда) до 15:30 часот.

Линк до листа на потенцијални добитници