БИТ ФЕСТ: НЕЗАБОРАВНА РОК СИМФОНИЈА

БИТ ФЕСТ: НЕЗАБОРАВНА РОК СИМФОНИЈА

Битолскиот камерен оркестар и овојпат ги надмина очекувањата на многубројната публика за време на Рок симфонијата која се одржа на ракометното игралиште во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето. Најпопуларниот и најбараниот проект на Камерниот Оркетар на Битола – Rock Symphony и прекрасните музички изведби на Ненад Милосавлјевиќ – НЕША ГАЛИЈА и дел од неговите пајпопуларни хитови, Михајло Трајковски – САК, Арбен БЕНИ Шаќири, Петар Младеновски – ПЕЦЕ (СУПЕРХИКС) и Жарко Јакимоски, атмосферата ја подигнаа на највисоко ниво. Силни впечатоци, одлична забава и вечер за паметење за повеќеилјадната публика која синоќа се забавуваше на овој прекрасен настан на Битолското културно лето.