БИТ ФЕСТ: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МЛАДИТЕ

БИТ ФЕСТ: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МЛАДИТЕ

Во организација на „Младински иницијативи за дијалог и соработка“, а како дел од програмата на Битолското културно лето, по повод Меѓународниот ден на младите, во паркот кај Саат кулата, се одржа музички хепенинг.

Преку овој настан, беше потенцирана улогата на младите како суштински партнери во промените во општеството и можноста за подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.

Меѓународниот ден на младите, се одбележува секоја година на 12 август од страна на голем број млади и организации низ целиот свет со организирање активности за подигнување на свеста за подобрување на состојбата на младите во својата земја.