ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА НОВА БИТОЛА

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА НОВА БИТОЛА

Веќе четврти ден по ред, екипите на битолските јавни претпријатија работат на дезинфицирање на станбените објекти. Денес акцијата се одвиваше во Нова Битола, во зградите на улиците „Ружа Делчева“, „Димче Лахчански“, „Анести Пановски“, „Тодор Паница“, „Павел Шатев“ и „Бонде Скерлевски“.Акцијата во населбите ќе продолжи и во наредните денови, со цел да се опфатат што поголем број станбени објекти.