ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМУНАТА НА ВЛАСИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМУНАТА НА ВЛАСИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

По повод 23 мај, Националниот ден на Власите, градоначалничната на Општина Битола м-р Наташа Петровска оствари средба со претставници на Комуната на Власите од Битола. На официјалната средба, претставниците Стефан Хаџиантоновски, Снежана Дурмишовска и Христо Чолаковски, ја информираа Петровска за настаните кои се одржаа во општината по повод празникот, додека пак централната манифестација се одржа во Скопје.

Оваа година, Комуната на Власи во Битола ќе одбележи 30 години од своето постоење. По тој повод, претставниците побараа од градоначалничката да биде покровител на овој настан. На средбата се разговараше и за актуелните состојби на Влашките гробишта, манифестациите кои што се одржуваат под нивно покровителство, како и за конкретни активности во кои општината може да има свој удел.

Градоначалничката Петровска истакна дека општината и натаму ќе ја даде максималната поддршка, а до припадниците на Влашката заедница упати јавна честитка по повод празникот 23 Мај.