ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ „ТРА – ЛА – ЛА“

ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ „ТРА – ЛА – ЛА“

Под мотото „Јас ја сакам Битола“, како дел од четвртоноемвриската програма, во Големата сала при Центарот за култура, се одржа деветнаесеттиот детски музички фестивал „ТРА-ЛА-ЛА“. На манифестацијата беа изведени 13 песни од солисти од Македонија со композиции кои учествуваат во конкуренција за наградите на фестивалот.