ИНИЦИЈАТИВА ЗА СОРАБОТКА НА БИТОЛА И ПОГРАДЕЦ ВО РАМКИТЕ НА УНЕСКО

ИНИЦИЈАТИВА ЗА СОРАБОТКА НА БИТОЛА И ПОГРАДЕЦ ВО РАМКИТЕ НА УНЕСКО

Делегација од Република Албанија, предводена од претседателката на Националната асоцијација на жени во бизнисот и Албанската мрежа за претприемништво Флутура Џабија, заедно со нивните домаќини од Организација на жени Битола и претседателката Светлана Петковска, остварија работна средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

На средбата, домаќините и гостите ја презентираа идејата за нивната натамошна соработка, која ќе опфаќа вмрежување на двете организации, но побараа вклучување во заеднички бизнис идеи и проекти и на Општина Битола со Општина Поградец во Република Албанија.

Исто така, Општина Поградец ќе иницира соработка и на полето на вмрежените градови во УНЕСКО, како дел од заштитеното подрачје на Охридското Езеро со Битола, која веќе е дел од таа мрежа.

Идејата за соработка е во насока на реализирање на што поголем број заеднички проекти кои и стојат на располагање на Република Северна Македонија и Република Албанија од страна на европските фондови.