МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА ПОГОЛЕМА ХУМАНОСТ И ТОЛЕРАНЦИЈА

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА ПОГОЛЕМА ХУМАНОСТ И ТОЛЕРАНЦИЈА

Во пресрет на Меѓународниот Ден на толеранција 2018, Претседателката на Хуманитарната организација International Inner Wheel, Хрис Кирби  и претставници од Inner Wheel District 255 Macedonia и неговите клубови од Скопје и Битола, денес ја посетија Општина Битола, каде разговараа со градоначалничката Наташа Петровска. На средбата, беше разговарано за програмата на организација која постои од 1924 година со над 108 000 членови во 3895 клубови во повеќе од 104 земји во светот. Дистриктот 255 во Македонија, основан е во 2015 година и има реализирано бројни хуманитарни акции и акции за подигнување на свеста за општествено и хумано делување, а втора година по ред, истиот со дводневни активности, се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранција.

Г-ѓата Кирби ќе ја отвори панел дискусијата, која ќе се одржи на Денот на толеранцијата во Скопје, а на која е предвидено да говори и Министерот за надворешни работи Никола Димитров.