САНАЦИЈА НА ПОКРИВОТ ВО ГРАДИНКАТА ПРОЛЕТ

САНАЦИЈА НА ПОКРИВОТ ВО ГРАДИНКАТА ПРОЛЕТ

Деновиве активно се работи на санација на покривната конструкција  во градинката Пролет, која е во рамките на ЈОУДГ„Естреја Овадија Мара“. Покрај покривната површина, со градежните работи се зафатени и олуци, шамбрани, опшивки, надсветло и куполи во оваа градинка.  На овој начин се подобруваат условите за згрижување на децата во градинката Пролет, притоа решавајки долгогодишен проблем.

Денес, директорката на ЈОУДГ„Естреја Овадија Мара“ Лидија Тфирст Митревска, со дел од персоналот и децата од оваа општинска установа, го одбележаа денот кога пред 75 години беше убиена Естреја Овадија-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, со полагање на свежо цвеќе пред споменикот кај Домот за народно здравје.