САНАЦИЈА НА ФАСАДАТА НА ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

САНАЦИЈА НА ФАСАДАТА НА ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Додека некои уништуваат, сепак имаме и млади граѓани кои размислуваат на поинаков начин. Утринава, група младинци започнаа со премачкување на недоличните натписи на фасадите на основното училиште „Св. Климент Охридски“, со боја обезбедена од Општина Битола.

Пред неколку дена се појавија вандалски натписи на ѕидовите од ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола , во кои беше употребен говор на омраза и недоличности, истовремено уништувајќи ја фасадата на училиштето.