ТРИБИНА: ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО

ТРИБИНА: ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО

Економските придобивки и можностите за поголем просперитет и развој на државата, беа особено истакнати од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев кој зборуваше на денешната трибина насловена како „Перспективите на Македонската економија, преку членство во ЕУ и НАТО“. На трибината, која беше организирана од страна на Стопанската комора на Македонија, присуствуваа стопанственици од Пелагонискиот регион, а главниот акцент беше ставен на можностите кои ќе бидат лесно достапни за развој и брз економски напредок на земјата.

„Податоците во Македонија покажуваат дека има рефлексија од политиките на градење на пријателство, на отворање на перспективи кон големите пазари, на отворање надеж, а со тоа и охрабрување за инвестиции и странски и домашни, тоа веќе се потврдува во Македонија. 327 милиони евра се странските инвестиции во првото полугодие, во споредба со лани, кога биле 105 милиони евра, сами по себе тие се сериозен податок дека Македонија станува попријатно место, доволно мотивирачки за да се гледа овде да се создава профит, а очекувањата на државата се: преку ваквите инвестиции странски или домашни, да расте бруто домашниот производ, да се отворат работни места, да расте извозот во државата. Верувам дека, перформансите на нашата економија можат да испорачаат уште подобри резултати, но ако се движиме во вистински правец, тие резултати ќе бидат уште подобри“, нагласи меѓудругото Премиерот Зоран Заев на денешната трибина која се одржа во кругот на Фабриката „Кромберг и Шуберт“, во Индустриската зона Жабени.