ЉУБОВ СО ГОЛЕМИ ДЕЛА – БАБА

ЉУБОВ СО ГОЛЕМИ ДЕЛА – БАБА

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска присуствуваше како гостин на доделувањето на наградите по повод конкурсот за краток расказ, објавен од Организација на жени Битола, кој се одржа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола. Во две категории, на возрасни и ученици, беа доделени прва, втора и трета награда на литературниот конкурс на тема „Мојата баба“, по повод празникот 8 март. Посебна радост на настанот му донесоа децата од големата група од градинката Мајски цвет при ЈОУДГ „Мајски цвет“, со нивната учителка Татјана Грегова.

Градоначалничката Петровска на сите присутни им го честиташе 8 март, а на Организација на Жени им посака уште mnogu убави, креативни и инвентивни настани во нивна организација.