3 500 000 ДЕНАРИ ПОДДРШКА ОД ОПШТИНАТА ЗА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ

3 500 000 ДЕНАРИ ПОДДРШКА ОД ОПШТИНАТА ЗА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ

На иницијатива на Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, поднесена до Владата на РСМ во месец април, на седницата на Владата, одржана на 10 јуни се донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за комуналните такси за време на вонредна состојба.

Согласно оваа уредба, Советот на Општина Битола, денес, донесе одлука за утврдување на комуналните такси во Општина Битола со која се утврдува дека општината нема да ја наплаќа комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност за времетраењето на вонредната состојба. На обврзниците кои што ја платиле комуналната такса од оваа одлука, платениот износ ќе им се засмета како уплата за претходни или идни обврски за истиот вид на комунална такса.

Од денот на престанокот на вонредната состојба до 15 ноември 2020 година висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност ќе изнесува 5 денари од м2, дневно.

Со оваа одлука, Општина Битола им дава финансиска поддршка на деловните субјекти во општината, преку ослободување и намалување на обврските за комунална такса, во вкупен износ од 3 500 000 денари.