После збратимувањето на Средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов од Битола со училиштето „Мави Текник“ од Турција, делегација од Турција, ја посети општина Битола, каде имаше работна средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска. На средбата, се разговараше за проширување на соработката во делот на образованието и со други училишта, како и воспоставување на економска соработка помеѓу општина Битола и градот Измир од Турција.