СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА МИХАИЛ АПОСТОЛСКИ ДОНЧО

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА МИХАИЛ АПОСТОЛСКИ ДОНЧО

По изградбата на водоводна мрежа во вредност од околу 500.000 денари и поставувањето на атмосферска и фекална канализација во вредност од околу 5.100.000 денари, завршува последната фаза од ул. Михаил Апостолски Дончо. Денес се поставува првиот слој на носечката асфалтна конструкција, во должина од 145 метри, а потоа ќе следи поставувањето на вториот асфалтен слој, во вредност од  8.820.000 денари.