АСФАЛТИРАЊЕ НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА ТУМБЕ КАФЕ

АСФАЛТИРАЊЕ НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА ТУМБЕ КАФЕ

Од потегот над Зоолошкта градина во Битола, започна асфалтирањето на пешачката патека на Тумбе Кафе, која до крајот на денот целосно ќе биде завршена.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, изврши увид во работните активности на Тумбе кафе и истакна дека поставувањето на новиот асфалт и уредувањето на партерната површина дадоа нова слика на претходната повеќедецениската лоша состојба на патеката, која за рекреација и спорт ја користат голем дел од жителите на Битола.

Градежните активности за реконструкција на пешачката патека на Тумбе кафе се реализираат во должина од 538 метри со средства од Општина Битола во вредност од 5.304.304 денари. Во натамошниот период ќе следуваат дополнителни зафати за доуредување на оваа локација.

Реконструкцијата на пешачката патека на Тумбе кафе се врши согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола, на предлот на градоначалничката Наташа Петровска.