БИТ ФЕСТ: „БИТОЛА ВО КРУГ“ – ПРОМОЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

БИТ ФЕСТ: „БИТОЛА ВО КРУГ“ – ПРОМОЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Низ фотографски документиран приказ на сегашна Битола, како и Битола во минатото, фоторепортерот Сашо Ристевски, преку промоција на документарен филм, овозможи прошетка низ времето во градот со богата историја. Документарниот филм, во 30 минутното траење овозможува средба на битолчани со нивните омилени места, можност за повозрасните за прошетка низ местата од спомените, а истовремено претставува ризница за нови знаења за идните генерации.