БИТ ФЕСТ: ИЗЛОЖБА „МЕТАФИЗИКА НА РАДОСТА“

БИТ ФЕСТ: ИЗЛОЖБА „МЕТАФИЗИКА НА РАДОСТА“

Проектот е осмислен и реализиран од страна на членовите на Фото клубот „Стеван Наумов-Стив” кој работи во составот на Народна техника-Битола. Најголемиот бројод учесниците се млади до 21 година, кои за првпат се сретнале со начинот на изработка на фотографии во Фото школата, која се одржува секоја година, и на која земаат учество околу 25 млади таленти од нашиот град. Но, има и искусни и докажани фотографи – наградувани на престижни изложби и фото натпревари во земјата и странство. Изложбата на фотографии овозможува, повторно во нашата средина на директен начин креативно да се ангажираат млади, и истата беше доволно атрактивна и привлечна со препознатливи вредности и претставува освежување во богатата фотографска традиција на Битола.