БИТ ФЕСТ: „СО БОИТЕ НА ХРАНАТА КРЕИРАМЕ УМЕТНОСТ“

БИТ ФЕСТ: „СО БОИТЕ НА ХРАНАТА КРЕИРАМЕ УМЕТНОСТ“

Во организација на здружението за едукација и кулинарство „Се за храна“, во рамките на БИТ ФЕСТ 2017, на Плоштадот Магнолија во Битола, беше организирана креативна работилница за цртеж и мозаици „Со боите на храната креираме уметност“. На настанот, присутните, вклучувајќи ги и најмладите имаа можност да креираат најразлични производи, заедно со организаторите на настанот.